Режисерот Александар Поповски: Јас велам диво месо, вие слушајте диви градби!

На отворањето на Охридско лето, каде што настапи виолинистката Венеса Меј, зборуваше и претседателот Стево Пендаровски.

2111

Режисерот Александар Поповски на отворањето на годинашното издание на фестивалот „Охридско лето“, отворено побара да се заштити културното и природното наследство на Охрид. Преку споредба со една од најзначајните драми на неодамна починатиот режисер Горан Стефановски, тој побара да се отвори фронт против уништувањето, не само на културното и на природното наследство.

– Ако дивоградбите ги разбереме како метафора на нашиот свет, тогаш Горан, треба твоето диво месо да го земеме како рецепт. Значи, јас читам сега диво месо, а Вие слушајте диво градби. Диво месо е верување дека ако некому влезе влакно во грлото, околу коренот на влакното ќе се створи месо кое не е човечко и кое ќе расне и ќе нарасне толкаво да го угуши човека. Месото мора да се откорне со нокти а раната да се изгори со жар – рече Поповски, пренесе 360.

На отворањето на Охридско лето, каде што настапи виолинистката Венеса Меј, зборуваше и претседателот Стево Пендаровски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...