Редарите на финалниот натпревар на Мундијалот ќе бидат казнети

717

Директорот на Организацискиот комитет на Светското фудбалско првенство во Русија, Алексеј Сорокин изјавил дека редарите на финалналниот натпревар ќе бидат казнети, откако членовите на панк групата „Pussy Riot“ втрчале на теренот и на кратко го прекинаа натпреварот.

Инцидентот се случи во 52. минута на финалниот натпревар на Светското првенство помеѓу Франција и Хрватска, кога членовите на панк групата, облечени како полицајци втрчаа на терен.

Сорокин изјавил за рускиот„ Спорт Експрес“ дека редарите се соочуваат со дисциплински мерки и сугерирал дека тие се повлекле инстиктивно, од почит према полициската униформа.

-Мора да се согласите дека сите пораснавме почитувајќи ја униформата. Да, редарите беа непрофесионални, но не е чесно престрого да го обвинуваме. Луѓето кои втрчаа на терен беа премногу итри – рекол Сорокин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...