Регионалната депонија „Русино“ ќе се доуредува од септември

Центарот за развој на Полошкиот регион во соработка со Амбасадата на Швајцарија ќе го реализира проектот „Рудино“.

94

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска во Тетово се сретна со градоначалничката на таа општина Теута Арифи, со која разговараа за теми поврзани со продлабочување на соработката, за проектите кои се во тек во општина Тетово, за рамномерниот развој на оваа општина, како и за регионалната депонија „Русино“.

„Министерот Фазлиу ја информираше градоначалничката Арифи за владините заложби за развој на општините и помалку развиените региони и можностите за користење на ИПА фондовите на ЕУ за прекугранична соработка. Во оваа прилика, тој ја истакна потребата за конкурирање на општините со квалитетни проекти од регионален интерес, кои ќе имаат долгорочни ефекти и ќе го подобрат животот на граѓаните во пограничните области“, стои во соопштението.

Како што соопшти Министерството за локална самоуправа, двајцата соговорници се осврнале и на прашањето кое го преокупира целиот полошки регион – регионалната депонија „Русино”, лоцирана на периферијата на Гостивар.

„Сега е на повидок решавање на проблемот, така што Центарот за развој на Полошкиот регион во соработка со Амбасадата на Швајцарија на почетокот на септември се очекува да започне со реализација на овој проект, кој што долго време ги преокупираше општините Гостивар и Тетово“, се наведува во соопштението.

Исто така, се разговараше за продлабочување на соработката меѓу Министерството за локална самоуправа и општините со цел создавање подобри услови за граѓаните и унифицирани јавни услуги, без оглед на тоа каде живеат во руралните или урбаните средини, се посочува во соопштението од Министерството за локална самоуправа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...