Револуција што тече

Дали е возможно да лапате тендери, провизии, да ги вработувате своите најблиски и истовремено да тврдите дека сте потомци на Даме, на Гоце, на Ченто, на Кузман...?

662

Еден од најголемите анархистички теоретичари, Михаил Бакунин, во своето дело „Револуционерен катехизам“ (1866 г.), дефинирајќи го моралниот лик на револуционерот, ќе напише:

„Обврските на револуционерот кон себеси:

Прво, револуционерот треба да биде човек кој што целосно го жртвува својот живот. Тој не смее да има ни лични интереси, ни чувства, ни склоност кон било каква сопственост.

Револуционерот дури не смее да има ни име.

Целото негово битие е опседнато со една единствена мисла,со една единствена страст – Револуција!

Второ, во најисконската длабочина на своето битие – и пред сѐ со делата а не со зборовите – тој треба да ја раскине секоја врска со граѓанското опшество со неговата традиција и обичаи коишто се иманентни на тој поредок. Револуционерот е бескомпромисен непријател на тоа опшество и ако тој и понатаму прифати да живее во него, тоа е само со цел што потемелно да го уништи.“

Читајќи го внимателно текстов, нужно треба да се запрашаме дали може човек да биде и среќен и храбар, истовремено?

Дали е возможно да лапате тендери, провизии, да ги вработувате своите најблиски и истовремено да тврдите дека сте потомци на Даме, на Гоце, на Ченто, на Кузман…?

Може да тврдите што сакате и има такви кои мора да ви веруваат.

Јас не сум во таа група и секогаш сум и сакам да бидам во малцинство.

Насловот, пак, на текстов, не е случајно одбран.

Своевремено, титовите комунисти тврдеа дека нивната револуција е „револуција што тече“. На крајот,заедно со револуцијата истекоа и тие самите.

(ФБ статус на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...