Европскиот фудбалски шампион Реал Мадрид се откажа од намерата да го купи Нејмар, објави „Мундо Депортиво“. Според изворот, претседателот на клубот, Флорентино Перез, одлучил да не влезе во преговори за трансфер на Бразилецот.
Причината за оваа одлука, се наведува во текстот, е многу веројатното незадоволство на навивачите на Реал од потенцијален премин на Нејмар, кој порано играше за Барселона.
Претходно беше известено за активен интерес на Реал за ѕвездата на ПСЖ. По заминувањето на напаѓачот Кристијано Роналдо во Јувентус, кралскиот клуб планира да го замени Португалецот со друга ѕвезда.
Дваесет и шестгодишниот Нејмар се пресели од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра. За сличен износ, парискиот клуб е подготвен да го пушти.
Во тековната сезона, фудбалерот одигра 16 натпревари во Париз, постигна 13 гола и запиша една асистенција.