Реал Мадрид го контактираше поранешниот тренер на Јувентус и Челзи, Антонио Конте, објави „Кориере дело Спорт“. Сегашниот предводник на „кралскиот клуб“, Јулен Лопетеги, е на прагот на отпуштање по серијата од четири натпревари без победа.
Италијанскиот фудбалски стручњак беше отпуштен од лондонскиот клуб на 12 јули 2018 година. За предвремен раскин на договорот тој бара 10 милиони евра.
Под раководство на 49 годишниот Конте, Јувентус трипати стана шампион на Италија, а Челзи го освои англиското првенство и Купот на оваа земја.
Лопетеги е во Реал Мадрид од 14 јуни 2018 година, склучувајќи тригодишен договор. Се шпекулира дека тој ќе биде отпуштен доколку биде поразен од Барселона во десеттото коло од Ла Лига.