Актуелниот европски шампион Реал Мадрид преговара со дефанзивецот Рафаел Варан за зголемување на платата до девет милиони евра, објави „Диарио АС“.
Договорот на 25-годишен Французин со Реал Мадрид важи до 30 јуни 2022 година.
Според информациите во медиумите, сега Варан добива шест милиони евра годишно.
Самиот фудбалер веќе размислува за можен трансфер. Претходно беше објавено дека Јувентус е можната нова дестинација во кариерата на Варан.
Порталот „transfermarkt.de“ го проценува Варан на 80 милиони евра.
Оваа сезона, Французинот одигра 36 натпревари за „кралскиот клуб“ и постигна два гола.
ФОТО: EPA / SERGEI ILNITSKY