Реал Мадрид му понудил на Манчестер Јунајтед да избере еден меѓу петмина фудбалери во обид да го привлече полудефанзивецот Пол Погба.
Шпанскиот тим е силно заинтересиран кон опцијата да го купи Французинот, а „Тајмс“ тврди дека Зинедин Зидан дал „зелено светло“ на раководството да ги предложи Герет Бејл, Хамес Родригез, Тео Ернандез, Кејлор Навас и Иско, за да се користат како „адут“.
Токму на овој начин „кралскиот клуб“ се надева да „скрати“ од цената на францускиот фудбалер.
Погба е поврзуван силно со Реал Мадрид, а порано во текот на годината изјави дека секој фудбалер има желба да игра во дресот на „лос меренгес“.
Светскиот шампион со Франција беше избран во идеалниот тим на Премиер лигата, иако неговата кампања беше во најмала рака слаба.