Реал нов лидер во Примера

103
ФОТО: EPA / JuanJo Martin

Реал Мадрид синоќа забележа лесна победа над Осасуна со 2:0 и по шестото коло се искачи на врвот на табелата во Шпанското фудбалско првенство.

Головите за кралскиот клуб ги постигнаа Винисиус и Родриго.

Тренерот на домаќините Зинедин Зидан на овој натпревар поштеди неколкумина од првиот тим за да бидат одморени за претстојните потешки средби.

Досегашниот лидер Атлетик Билбао синоќа ремизираше, исто како и Валенсија која испушти два гола предност.

Резултати:
Леганес – Атлетик Билбао 1:1
Мајорка – Атлетико Мадрид 0:2
Валенсија – Хетафе 3:3
Реал Мадрид – Осауна 2:2.

Реал е прв со 14 бода, пред Атлетико Мадрид кој има 13, Атлетик Билбао е трет со 12, по нив следуваат Гранада со 11, Барселона, Реал Сосиедад и Севилја со по 10,…

ФОТО: EPA / JuanJo Martin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...