Реал Мадрид едвај се спаси од срамен пораз против Бриж

194

Реал Мадрид се спаси од голем срам на својот „Сантијаго Бернабеу“ против белгискиот Бриж и на крајот едвај стигна до реми 2:2, откако губеше со два гола.
Ова се случи во натпревар од групата „А“ во Лигата на шампионите, по шпанскиот гигант остана само со само еден бод од два натпревари.

Во 9-тата минута Денис отвори за гостите по интервенцијата на ВАР, а во 39-тата минута тотално ги шокираше познатите домаќини со својот втор гол во мечот.

Во 55-тата минута, Рамос ги врати надежите на „кралевите“ за пресврт, овој пат повторно ВАР мораше да интервенира откако бугарскиот судија Кабаков повторно не призна гол поради непостоечки офсајд и му беше потребна корекција.

Во 84-тата минута, Формер кај гостите беше исклучен по втор жолт картон, а во 86-та минута Касемеиро донесе бод на „кралевите“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...