Реал зад петиците на „ураганот Феликс“

111
ФОТО: EPA/YOAN VALAT

Реал Мадрид е еден од клубовите кои пројавуваат интерес за младата ѕвезда на Бенфика, Жоао Феликс.

Деветнаесетгодишниот напаѓач е сензацијата во локалниот шампионат, откако има 7 гола на сметката, притоа за малку повеќе од 1.000 минути фудбал. Големи тимови покажуваат интерес за него, како Барселона, ПСЖ, Баерн, Јувентус и Атлетико Мадрид.

Фудбалерот си го освои прекарот „ураганот Феликс“ и Реал е најновиот клуб кој следи што се случува околу него. Засега клаузулата во неговиот договор од 120 милиони евра ги запира гигантите, но како што е познато, „орлите“ од Лисабон се склони на преговори.

Минатиот месец клуб од Премиер лигата на Англија предложил 60 милиони за Жоао, но тие биле недоволни, па во Бенфика очигледно сакаат да добијат максимално висока сума за својот бисер.

Многумина го споредуваат Феликс со Килијан Мбапе како потенцијал, а некои дури сметаат дека тој може да стане новиот бр.1 во фудбалот, по заминувањето на Роналдо и Меси.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...