Европскиот шампион Реал Мадрид, е заинтересиран за ангажирање на Мауро Икарди од Интер и Костас Манолас од Рома.
Според пишувањата на италијанските медиуми, претставници на Реал го следеле натпреварот меѓу Рома и Интер минатиот викенд за да го проследат меѓусебниот дуел на двајцата играчи.
Реал се обидува да стигне до Икарди веќе некое време, а Гркот од Рома е на листата на желби за јануарскиот трансфер рок. Цената на Икарди е околу 110 милиони евра, додека за Манолас треба да се издвојат 36.
Останува да се види дали ќе има трансфер во јануари, или шпанскиот гигант ќе го чека крајот на сезоната.
ФОТО: EPA / MAURIZIO BRAMBATTI