РЕАКЦИЈА Уделот на акционерот ЗСФ-КОМ во Комерцијална банка е под 5%

3582
20150911 Friday 1035 komercijalna banka

Комерцијална банка во врска со наводите на текстот објавен во Плусинфо со наслов „Кои се староновите членови на Надзорниот одбор на Комерцијална банка?“, објавен на 04.03.2020 година информира дека е наведена погрешна информација во однос на акционерскиот удел на компанијата ЗСФ-КОМ во Комерцијална банка АД Скопје.

– Уделот на акционерот ЗСФ-КОМ во Комерцијална банка АД Скопје е под 5% и затоа не е објавена неговата висина – појаснуваат од Комерцијална Банка.

Плусинфо се извинува за ненамерниот превид при презентирањето на податоците од информацијата на Банката објавена на сајтот на Македонска берза.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...