На сите нѝ е веќе познато дека еден од омилените и најусогласените холивудски парови, Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли обожуваат да се шегуваат на сопствена сметка на социјалните мрежи и дека секогаш слатко ги смеат фановите.
Блејк вчера наполни 32 години, а по тој повод нејзиниот сопруг објавил низа фотографии на својот Инстаграм-профил на кои Лајвли е лошо или смешно испадната.
На сите фотографии згодната актерка направила некој смешен израз на лицето, со што Рајан сакал да се пошегува на нејзина сметка. Меѓутоа, освен што сите добро ги изнасмеал со објавата, тој добил одлични пораки на сметка на атрактивната сопруга – дека и на ваквите фотографии е вистинска убавица.
„Среќен роденден“, бил краток духовитиот Рејнолдс, а како Блејк ќе му возврати на ова, останува да видиме.
Брачната двојка во мај потврди дека го очекуваат своето трето дете, а среќната вест ја споделија со јавноста на премиерата на новиот филм на Рајан „Покемон: Детектив Пикачу“ во Њујорк.