Рашковски и порача на ВМРО-ДПМНЕ дека тој го диктира темпото за снимката

2886

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, преку Фејсбук и порача на ВМРО-ДПМНЕ дека тој го диктира темпото, односно дека во вторник ќе одржи прес конференција за аудио снимката која ја објавија некои портали.

Одговорот на Рашковски следи откако ВМРО-ДПМНЕ обвинија декатој во снимката договара аванта од 7 милиони евра.

– ВМРО ДПМНЕ најверојатно не може да сфати дека не се тие кои ја определуваат динамиката на нашето дејствување. Кога веќе покажаа дека не разбираат англиски и не знаат што значи Letter of award, нека читаат дека уште завчера на македонски јазик е напишано дека во вторник ќе има прес конференција на оваа тема.

Претходно на прес-конференција Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ повторно зборуваше за наводниот сомнителен тендер за набавка на систем за летање преку М-НАВ.

Докази и сомненија кои посочуваат за постоење на 7 милионската тендерска аванта за владиниот генерален секретар Драги Рашковски доаѓаат од секој чекор, рече таа.

– Ако авантата од 7 милиони која чувме од медиумите дека Рашковски ја договара не е точна зошто тогаш чекорите кои Рашковски ги договара по кои италијанската фирма го добила тендерот се вистинити. Зошто на снимката на Рашковски се договараат кои заклучоци ќе се донесат и доколку се провери дали навистина се донеле, вистината е поразителна за оваа криминална власт – посочи Василевска и додаде дека Рашковски на снимката договара заклучок кој владата навистина го донела за што, како што рече, има потврда во официјални документи.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...