Рашиди ја напушти средбата кај Џафери, не учествува во тело за дневно – политички поени

475

Ние сме за помирување во основа на стратешките цели за државата, за интеграција на ЕУ и НАТО и за затворење на внатрешните отворени проблеми, изјави Сурија Рашиди, пратеник на Алијансата на Албанците откако го напушти состанокот што се одржува кај претседателот на Собранието, Талат Џафери, за телото за помирување.

Тој вели дека не се јасни целите на средбата и телото околу тоа кој со кого треба да се помири.

– Се добива впечаток дека е за дневно- политички поени и на мала врата да се протурка амнестија за 27 април. Ние сме за помирување во основа на стратешките цели за државата, за интеграција на ЕУ и НАТО и за затворење на внатрешните отворени проблеми. Сега сме во постапка на уставни амандамни и само низ тоа ја гледаме вистинската смисла на телото за помирување околу стратешките цели на државата – рече Рашиди.

На координацијата што се одржува кај претседателот на Собранието, Талат Џафери, единствена точка на дневен ред е формирањето интерпартиско парламентарно тело за помирување и интеграција, на барање на новата пратеничка група независна од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не дојдоа на координацијата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...