Пратеникот од Алијансата на Албанците Сурија Рашиди смета дека некои министри не се на потребното ниво да бидат дел од Владата.
Тој жестоко го критикуваше премиерот Зоран Заев за проширувањето на владиниот кабинет со Беса на Африм Гаши и ДПА на Мендух Тчи
– Тие кои на критичниот ден за избор на претседател на Собранието не го гласаа Талат Џафери, оти беа против како што велеа кроминалите на ДУИ и не беа во салата, сега имаат шанса да ги поддржат Џафери и вашата Влада. Невидено е како можевте во ек на локалните избори да кажете дека Алијасата е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, кога се уште не беше засушена крвта од 27 април, алудирајќи на нашата соработка со Беса и сега таа партија е дел од Владата. По ова не би ме изненадило Никола Груевски да го предложите за министер за финансии- рече Рашиди.
Премиерот не му реплицираше на пратеникот од Алијасата на Албанците.