Египетското Министерство за внатрешни работи соопшти дека безбедносните сили убиле најмалку 17 милитанти во рациите во Каиро и околината.
Во соопштението се истакнува дека членовите на групата биле одговорни за нападот кој се случи претходно оваа недела, кога најмалку 20 луѓе загинаа во експлозија на автомобил-бомба пред болница во Каиро. Осуммина милитанти се убиени кога полицијата отворила оган кон нивното засолниште, на околу 80 км од Каиро, а останатите во престрелка со полицијата.
Групата Хасм е поврзана со забранетото Муслиманско братство.