РАФАЛ Да се биде паразит

Ние ги плаќаме. Буџетот на државата не е некоја вреќа со пари што паѓа од небото. Тој се полни со наши пари, од нашите придонеси, давачки и казни, од данокот што се собира од секое парче леб, од секој литар млеко што го купувате, од секоја партиципација што ја плаќаме, од секоја тетратка за нашите деца... Е, од тој леб, млеко и тетратка, дел им даваме за да работат според законот, да им служат на интересите и потребите на граѓанките и граѓаните.

751

Ние ги плаќаме. Буџетот на државата не е некоја вреќа со пари што паѓа од небото. Тој се полни со наши пари, од нашите придонеси, давачки и казни, од данокот што се собира од секое парче леб, од секој литар млеко што го купувате, од секоја партиципација што ја плаќаме, од секоја тетратка за нашите деца… Е, од тој леб, млеко и тетратка, дел им даваме за да работат според законот, да им служат на интересите и потребите на граѓанките и граѓаните.

Ете, тие што ги плаќаме НИЕ, сеат омраза и навреди по социјалните медиуми, лажат и клеветат без усул и срам. Наместо да ја работат својата работа свесно и совесно, да бидат благодарни комшии и вредни работници, тие маршираат во стројот на деструктивци што бранат криминалци, бараат амнестија и работат за руската шпионска мрежа. Задоволно ги тријат рацете затоа што успеале да станат паразити. Големиот успех! Да бидат дел од државен систем на сиромашна земја што се обидува да се извлече од канџите на сиромаштијата, корупцијата и несигурноста. Паразити и губитници што сакаат сѐ да повлечат кон дното. И мазохисти, несомнено, бидејќи ако успеат (а нема), ќе живеат и тие на дното, во згурата од сопствените гнасотии. Тролови.

Тролови

Работат по институциите што владата ги поштеди од чистење на режимскиот отпад, ја заработуваат платата, ги уживаат сите бенефиции што им ги пропиша Фамилијата и навредуваат наоколу, злоупотребувајќи сѐ што може и не може да се замисли под слобода на говор. Ќе речете, маргиналци се, ќе посочите на истражувања во кои се гледа дека се во мали проценти… А не се малку, ниту се безопасни, бидејќи демократијата сѐ уште е на стаклени нозе. Демократијата подразбира владеење на правото, а тоа го нема кога во институциите имате гнезда што се црнеат од бубашваби што ги подриваат секој час. Таму реформи не можеме да очекуваме, бидејќи попустливоста за грешки од типот погрешно знаме зад Курц може и да се разбере, но не и за криминални структури што удобно и неказнето функционираат на штета на сите нас.

Тролови што ги плаќаме сите ние, а тие вредно одработуваат за криминални структури… Со задоцнување, како и сѐ друго во нашата ни земја, но тоа што ќе биде дочекано со громогласно добредојде е: решителна и праведна акција! Наместо да се смееме на говорот на онаа патетична будала што ја измачуваше Македонија до вчера, ќе ни биде драго да видиме како се упатува зад капијата на единствената институција што ја заслужува. Но, за него и за сите нас ќе биде фер и сите негови пиони и слуги да се соочат со последиците од своите грди постапки. Тоа би било причина за славење, нема да има потреба од организирање, сите ќе честиме за тоа.

Скрибомани

Скриени во своите дувла, седнале па се распишале. Полуписмени скрибомани, чие пишување открива едно чудо ментални и психички проблеми. Деновиве добив порака од една таква будала што си тера некоја веб страничка на која еднаш ме пофалил, а не ме разбрал, а потоа ме покудил, повторно, без контакт со реалноста. Прелетав преку неговото пишување. Злонамерно и пропагандистичко пишување, бескрајно тегавење и редење бесмислици, една тотална празноглавост…
Во секој наслов тој обвинува за пропаганда, а адресата на сајтот носи име на руски политичар. Да пукнеш од смеа.
Иднина
Еден друг лик, што го знаеме по неговата хистерична и вулгарна пропагандистичка дејност, ме покани на дебата во телевизијата во која е директор. „Мислам дека е време во Македонија да дебатираме за иднината“ – ми пишува во СМС пораката. Што да му кажам? За да почнат да дебатираат за иднината, треба прво да го напуштат криминалното минато во кое беа слуги, па и соучесници и да дојдат во сегашноста. Мислам дека тоа би било фер. Нема разговор со тие што не слушаат, тоа е бесмислено губење време.
Јас со години пишувам, говорам, протестирам и чекорам кон иднината. Многу доцнат со поканата да дебатираме. Возот одамна тргна кон иднината, а тие не се фатија ни за рачките на последниот вагон. Што сакаат сега? Можеби некој ќе ги амнестира, поштедувајќи ги од моралната, ако не и од криминалната одговорност, а донаторите, за да постигнат божемен и гротескен баланс, ќе им дадат пари за некој оТличен проЈект, но јас ја немам таа обврска.

Никој од нас ја нема таа обврска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...