Рафаел Маркез стави крај на репрезентативната кариера

62
Легендарниот мексикански дефанзивец Рафаел Маркез стави крај на неговата репрезентативна кариера.
Универзалниот играч запиша учество на петтото Светско првенство со тимот на „сомбрерата“. Тој е поранешен играч на Монако, Барселона и Верона, а со Каталонците ја освои и Лигата на шампионите.
Маркез одигра вкупно 146 дуели во дресот на репрезентацијата на Мексико. Неговиот последен натпревар беше против Бразил при поразот од 2:0 во осминафиналето вчера.
Тој официјално стана втор најстар играч кој се натпреварува на мундијалот со 39 години и 139 дена, и е само шест дена помлад од Стенли Метјуз, кој е на чело на листата.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...