Денешниот главен претрес покажа дека овие обвинети немаат врска со овој настан и дека овој загрозениот сведок е лажен и наместен, рече во изјава пред судот, адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи.
– Од денешниот исказ на загрозениот сведок испаѓа дека тој ги слушал истрелите, а мислам дека одговори и дека дури и видел кој пука, но потоа се премисли и кажа дека не видел. Јас сум сигурен дека и знае кој пукал, но не знам од кои прични не ги посочува тие што се извршители на ова дело – рече Рауфи.
Тој додаде дека од денешните прашања на судскиот совет излегле некои нови моменти, кои кај поранешниот судски совет одбраната на обвинетите ги поставувала како прашања, но не биле дозволени.
Ппрашан за екстрадицијата на двајцата обвинети во случајот „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири кои се наоѓаат во Косово, Рауфи истакна дека е сигурен оти до тоа нема да дојде и смета дека не треба зошто, како што кажа, стнува збор за очигледно невини луѓе./Макфакс