Расчистен случајот со пукањето во село Шишево

308

СВР-Скопје го расчисти случајот со пукотниците на влезот на скопското село Шишево, кога 31-годишниот Е.Ш. од село Шишево пукал од пиштол кон 20-годишниот А.А. и 36-годишниот Г.А., двајцата од истото село, при што А.А. починал во болница, а Г.А. се здобил со тешки телесни повреди.

Веднаш по настанот, појаснуваат од МВР, Е.Ш. побегнал, но истиот ден бил уапсен на булеварот Филип Втори Македонски.

Вчера тој бил изведен пред судија на претходна постапка кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.

Инаку, претходно СВР Скопје против него поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ и „убиство во обид“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...