Расте десничарската поддршка за Нанче

365

Дел од поранешното раководство на „Обединети за Македонија“- Охрид, се
вклучи активно во кампањата за избор на градоначалник на Општина Охрид
со поддршка за кандидатот Михаил Трендафилов-Нанче од
редовите на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.

За време на состанокот со Михаил Трендафилов и претседателот на ГДУ,
Петар Колев, поранешните први луѓе на Обединети за Македонија го
изразија своето задоволство од фактот што се поголем број поранешни
членови на нивната поранешна партија, ќе го поддржат единствениот
десничарски кандидат за градоначалничката функција во Општина Охрид.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...