Расте бројот на заразени од коронавирусот во Грција

261

Билансот на заразени од новиот коронавирус во Грција достигна 45 лица, откако денеска беа официјално потврдени и соопштени 14 нови случаи, а едно од лицата е хоспитализирано во сериозна здравствена состојба, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што објасни претставникот на Министерството за здравство на Грција, задолжен за новиот коронавирус и научен соработник во Националната организација за јавно здравје, професорот Сотирис Циодрас, на денешниот брифинг со новинарите, станува збор за 11 лица кои биле дел од поклоничкото патување во Израел и Египет, а од конкретната група веќе се потврдени 23 позитивни случаи, додека пак останатите три случаи се од контактите на заразените.

Од потврдените 45 случаи на Ковид-19 во Грција, 34 лица се дел од група од 54 патници што заминала за Израел и Египет на поклоничко патување во Светата земја и планината Синај, а на 27 февруари 2020 се вратиле во Грција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...