Речиси 4.860 вработени во банки во Европската унија во 2017 година заработиле по милион евра што е зголемување за 5,7 отсто на годишно ниво. Тоа е нагласено во извештај на Европската агенција за надзор на банки.
Бројот на тие високи примања, станува збор за директори кои заработуваат барем милион евра годишно, во банки во ЕУ, е зголемен за една третина од 3.427 луѓе во 2010 година на 4.859 во 2017 година.
Речиси три четвртини од тие вработени (73.2 отсто или 3.567 луѓе) живеат во Велика Британија и најголем дел од нив примаат плати во фунти.
Најголем пораст на високи плати во банки има во Норвешка каде бројот на милионери во банките е повеќе од двојно – од 12 луѓе во 2016 година на 25 во 2017 година. И во Германија има зголемување – од 253 луѓе на 390 во 2017 година.