Најмалку 48 загинаа, а 112 се повредени при експлозија во Центар за регистрација во избирачки списоци во авганистанскиот главен град Кабул. Меѓу загинатите има и 21 жена и пет деца.
– Луѓето беа собрани за да ги земат личните карти. Експлозијата се случи на влезот. Тоа беше самоубиствен напад. Се уште не се знае колку точно има жртви – изјави началникот на полицијата во Кабул, Дауд Амин.
Џихадистичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.
Центрите за регистрација на избирачи се отворени ширум Авганистан поради подготовки за долго одложуваните избори, кои се планирани за во октомври оваа година.
ФОТО: EPA/JAWAD JALALI