Растат тензиите во Албанија, можно е Мета да го распушти Парламентот

287
Photo: EPA / Malton Dibra

Наместо во насока на смирување, однесувањето на албанските лидери води кон зголемување на политичките тензии во земјата.

Опозициската Социјалистичка партија достави барање потпишано од 55 пратеници за разрешување на претседателот Илир Мета, кој пак постои можност да го распушти Парламентот. Премиерот Еди Рама продолжува со изборни актвности, а обединетата опозиција најави секојдневни протести низ целата територија на земјата.

По доставување на барањето до Парламентот за разрешување на шефот на државата,што се очекува многу брзо да се најде на дневен ред, од кабинетот на Мета до Претседателот на Централната изборна комисија (ЦИК) Клемент Згури доставено е барање за точниот број на пратеници во актуелнот состав на Парламентот, нивниот целосен идентитет и од кои изборни единици доаѓаат.

Претпладне, коментирајќи ја иницијативата за негово разрешување Мета рече дека е избран од Парламент, „секако не како овој, туку од целосно легитимен Парламент“ што подразбира дека нецелосниот Парламент за него е легитимен. Во собраниската сала пополнети се 123 пратенички места од вкупно 140 колку што треба да има.

На функцијата шеф на албанската држава, со петгодишен мандат, беше избран од претходниот состав на Парламентот, на крајот од април 2017 година а на функцијата стапи во јуни.

Во меѓувреме премиерот и лидер на социјалистите Еди Рама не попушта. Изборната коалиција „Алијанса за европска Албанија“ што ја предводат социјалистите продолжува со изборните активности категорично, тврдејќи дека на 30 јуни локални избори ќе има.

Од друга страна, обединетата албанска опозиција денеска соопшти дека продолжува „многу посилно“ со протестите. Протести ќе има во сите градови во земјата а најверојатно идната сабота повторно ќе биде оганизиран голем „национален протест“, кој би бил деветти по ред.

ФОТО: EPA-Malton-Dibra

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...