Станбена зграда распука по должината во приморскиот град Драч, по двата земјотреса кои ја погодија Албанија, од кои едниот беше со магнитуда од 5,8 според Рихтер.
Албанските медиуми пренесуваат дека сѐ уште пристигнуваат информации за штети и повредени.
Две лица биле повредени во Тирана, и биле пренесени во болница. Исто така биле регистрирани и големи оштетувања на објектит, при што биле евакуирарани во областа Дон Боскос на главниот град, кој е оддалечен 30-ина километри од епицентарот.
Земјотресот, освен во цела Албанија, е почувстуван и во Македонија, Косово, Црна Гора и Хрватска.