Расправата за уставните измени утре пред Комисијата за уставни прашања

479

Првата седница на Комисијата за уставни прашања на Собранието ќе се одржи утре, со почеток од 12 часот, со точка на дневен ред: Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија.

Истата точка е на дневен ред на 61. седница на Собранието, која е свикана за 15 октомври, в понеделник, со почеток во 11 часот.

Комисијата за Предлогот за пристапување кон уставни измени може да расправа 10 дена, по што Извештајот од неа повторно треба да се најде на пленарна седница.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...