Расправата за имунитетот на Вељаноски повторно ги измори пратениците

По паузата, според најавите, се очекува да се обратат уште тројца пратеници.

311

Во собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања повторно е дадена пауза по што во 21 часот треба да продолжи расправата за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски.

И попладневниот дел помина во реплики и контрареплики околу тоа дали треба да му се одземе пратеничкиот имунитет на Вељаноски. Опозицијата е со став дека се врши политички прогон и оти ова е осми пат како расправаат за одземање на имунитет на пратеник, додека парламентарното мнозинство смета дека треба да се откријат организаторите на 27 април и да бидат изнесени пред лицето на правдата, а судската власт да оцени дали има можност за поведување постапка.

По паузата, според најавите, се очекува да се обратат уште тројца пратеници. Расправата треба да заврши до полноќ по што Комисијата треба да го достави заклучокот од расправата до претседателот на Собранието за потоа да биде свикана пленарна седница. Одлуката за одземање на пратеничкиот имунитет се носи со просто мнозинство од вкупниот број пратеници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...