Расправата во грчкиот Парламент за доверба на новата влада продолжува денеска

300
Photo: EPA / ORESTIS PANAGIOTOU

Во 10 часот по локално време, денеска продолжува тридневната расправа во грчкиот Парламент за гласање доверба на новата влада, откако вчера свои обраќања имаа премиерот на Грција како и лидерите на сите грчки политички партии, јави дописничката на МИА од Атина.

Вчерашната расправа започна во 19 часот со говор на Кирјакос Мицотакис, кој ја претстави владината програма, а расправата заврши на полноќ со обраќање на претседателот на МЕРА25, Јанис Варуфакис.

Опозициските партии рекоа дека нема да ѝ дадат доверба на владата и ги образложија нивните аргументи. Говорите во големиот дел беа посветени на економијата, а не изостана и Договорот од Преспа, како дел од ставовите за грчката надворешна политика.

Во текот на денешниот и утрешниот ден се очекува збор да земат министрите од новата грчка влада, како и пратеници од сите партии.

Претставувањето на владината програма ќе заврши утре на полноќ со гласање доверба на владата, а на гласањето ќе му претходи говор на Мицотакис и на лидерите на партиите.

Владата ќе добие доверба доколку мнозинство од присутните пратеници гласаат „за“, мнозинство кое не смее да биде помало од две петтини од вкупниот број пратеници.

Photo: EPA / ORESTIS PANAGIOTOU

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...