Распишан тендерот за новиот Клинички центар

Право на учествуво на тендерот имаат домашни и странски компании преку групна пријава.

464

Министерство за здравство го распиша тендерот за изградба на нов универзитетски Клинички центар на грин-филд локација по модел „клуч на рака“ со поддршка при менаџирање на проектот.

Компаниите (домашни и странски) кои ќе учествуваат на тендерот треба да бидат подготвени да одговорат на следните главни карактеристики на услуги и работи кои треба да се изведат и извршат:

  • Планирање, проектирање и припрема на техничка документација
  • изградба, управување со изградбата и градежни работа
  • опремување, техничка опрема, управување со информациски сисрем, медицинска и немедицинска опрема
  • планирање на преместувањето на клиничкиот центар, управување со трансферот
  • планирање и управување со процесот на паралелнат работа на болничката инфраструктура
  • обука на персоналот и
  • одржување на објектот и опремата за определен период.

Според концептот на договорот е градбата да се врши во три фази по систем „клуч на рака“.

Како најсоодветен пристап и изградба на комплексот ќе се смета оној кој  планира имплементација на проектот во неколку фази, со цел самоодрживост во секоја последователна фаза.

Договорот се склучува со времетраење до целосно исполнување на обврските на двете договорени страни.

Рокот за реализација е 90 месеци.

Право на учествуво на тендерот имаат домашни и странски компании преку групна пријава.

Како главни елементи при одредување на критериумот за избор на економски оператор е најповолна понуда се цената со 30 бодови и квалитетот со 70 бодови.

Според најавите, станува збор за проект вреден 500 милиони евра, кои ќе се обезбедат преку заем од конзорциумот Рајфајзен банк, ЕрстеГруп и УниКредит.

Новиот Клинички центар ќе се гради во Ѓорче Петров на локацијата „Веле Поле“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...