Распишан повеќегодишен тендер за изградба на 14 пливачки базени

Постапката е отворена, а крајниот рок за доставување на понудите е 17 јуни.

471

Агенцијата за спорт и малди распиша повеќегодишен тендер за изградба на 14 пливачки базени. За таа намена од државниот буџет ќе бидат издвоени 2,7 милиони евра без ДДВ (169.401.525 денари) или 3,6 милиони евра со ДДВ распределени во четири години.

За годинава се планирани 30.000.000 денари, следните две години ќе бидат издвоени по 55.000.000 денари, додека, пак, во 2022 година е планирано да се потрошат 60.000.000 денари.

Рокот за изградба на еден пливачки базен е 18 месеци.

Базените ќе се градат во Штип, Чаир, Струмица, Велес, Неготино, Прилеп, Битола, Гостивар, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода Тетово и Куманово.

Постапката е отворена, а крајниот рок за доставување на понудите е 17 јуни.

Услов за добивање на тендерот е најниска цена.

Во критериумите кои треба да ги исполнуваат компаниите кои ќе ги градат објектите меѓу другото се бара тие да имаат изградено најмалку три објекти од втора категорија со вредност поголема од 6 милиони денари.

За избор на компанијата која ќе ги гради објектите ќе биде организирано електронско наддавање.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...