Распишана е меѓународна потерница по сопственикот на „Секјуриком“

1255

Распишана е меѓународна и интерна потерница за сопственикот на „Секјуриком“, осомничен за злупотреби, објави Макфакс.

Австриецот Волфганг Гампер, претходно ја напушти државата со одземен пасош од судот, и покрај тоа што е осомничен за злоупотреба на службена положба. Судот претходно му имаше одредено притвор од 30 дена, веднаш штом ќе биде пронајден или лишен од слобода.

Финансиската полиција го осомничи, заедно со поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи, Васе Доневски за криминал тежок 11 милиони евра со тенедер за одржување на просториите на Владата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...