Раскошниот имот на Џорџ и Амал Клуни уништен од поплавите во Англија ФОТО

На Клуни ова веќе еднаш му се случи - неговиот имот претрпе голема штета од поплавите во 2016 година.

3018
EPA/ETTORE FERRARI

Реката Темза се излеа од своето корито и го поплави речиси целиот велелепен имот на холивудскиот актер Џорџ Клуни и неговата соруга Амал во Беркшир, поради обилните врнежи кои ја погодија Англија во последните денови.

Под вода се тенискиот терен, кој се наоѓа во склоп на имотот, како и верандата на нивната луксузна летна куќа. Најголемиот дел од имотот е под вода.

На Клуни ова веќе еднаш му се случи – неговиот имот претрпе голема штета од поплавите во 2016 година, а поправките и уредувањето траеја 18 месеци!

За веста да биде уште полоша, во Англија за денеска се најавени обилни врнежи кои би можеле да предизвикваат уште поинтензивни поплави.

FOTO: Tviter/Printskrin/LaBlades

EPA/ETTORE FERRARI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...