Раскол во „Црвена јабука“, поранешните членови поднесоа тужби против пејачот

996

Фронтменот на групата „Црвена јабука“, Дражен Жериќ, се соочува со тужби од двајца поранешни членови на бендот – тапанарот Дарко Јелчиќ и гитаристот Златко Бебек.

Причина за тужбите се неисплатените хонорари од десетина концерти, пишува Слободна Далмација.

– Вистина е дека започнавме судски процес против фирмата „МПБ Медиа“ поради неисплатените хонорари. Тоа е сè што можам да ви кажам во моментов – изјавил гитаристот Бебек, алудирајќи на фирмата која гласи на име на Барбара Жериќ, сопруга на Дражен Жериќ, преку која се одвивале исплатите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...