Расипан телевизор запали куќа, за среќа нема повредени

167

Во 14.35 часот вчера било пријавено дека во село Дорфулија, општина Лозово, во куќа сопственост на М.Ј.(61) од Пробиштип поради дефект на телевизор настанал пожар.

Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица Свети Николе. Повредени лица нема.

Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...