Американскиот рапер Текаши 69 пред судот во Њујорк сведочел против две момчиња кои се членови на улична банда во њујоршкиот дел Бронкс и во сето тоа ја вмешал и популарната раперка Карди Би.
Раперот со својата изјава ги изненадил сите присутни во судницата поради тврдењето дека Карди Би e еден од членовите на уличната банда по име „Bloods“, која важи за многу опасна и која се врзува за бројни убиства, грабежи и рекетирање.
– Вие знаете дека Карди Би е вмешана во ова? – прашал адвокатот на Текаши и навел дека се што неговиот клиент кажал е вистина, и дека Карди некогаш живеела во Бронкс, па и самата пред неколку години потврдила дека се дружела со некои членови на споменатата улична банда.
– Јас сум од Бронкс, а во Бронкс сите знаеме како да се носиме со „хејтери“. Едноставно ги сечам, дури и не се трудам да бидам смешна. Не си играјте со мене бидејќи ништо не ми е сето – рекла раперката во една прилика и потврдила дека некогаш се дружела со поединечни членови на бандата, но дека самата никогаш не била член на истата.
Пред да стане славна и да ја освои светската сцена, Карди немала воопшто лесен живот. Таа во младоста работела како стриптизерка па повремено намамувала мажи во соба, ги дрогирала и ограбувала. Откако ја оставила таа работа и станала позната, Карди се покајала за сите лоши постапки кои некогаш ги направила.
Сепак, на основа на нејзините постапки, многумина не би се сложиле со тоа дека раперката се смирила. Имено, нејзината успешна кариера од само неколку години веќе ја обележала со неколку јавни тепачки кои ги имала. Таа на забавата на едно списание се степала со Ники Минаж, а еден месец по тој инцидент нападнала две келнерки во еден стриптиз клуб во Њујорк.
FOTO: Instagram/Printskrin