Заменик шерифот на округот Лос Анџелес, Ејнџел Реинос, е ранет од истрели на огнено оружје, а полицијата трага по непознатиот сторител.
Реинос бил погоден во градите додека излегувал од полициската станица во Ленчестер Сити, но куршумот се одбил од заштитниот елек што го носел и рикошетот го погодил во раката, изјави портпаролот на шерифот, марвин Краудер.
Полицијата ја пребарува четирикатницата во близина на станицата каде се верува дека напаѓачот се сокрил, пренесуваат локалните медиуми.