Најтежок момент во мојата политичка кариера беше кога станавме и ги оставивме колегите да гласаат за уставните измени. Од таа седница излегов плачејќи, бидејќи тие ни се колеги. Вака емотивно пратеничката Даниела Рангелов го опиша моментот како се чусвтсвувала на седницата за отворање на Уставот во дебатана емисија на телевизијата 24.
– Се срамам од тој чин. Не скава да станам, но од друга страна и онака веќе бев обележана дека на референдумот гласав против. Само поради тоа станав, за да укажам дека нема да ги поддржам уставните измени. И сега сум на ставот дека не ги поддржувам уставните измени. Кој е во право ќе покаже времето- рече меѓудругото Рангелова.
Рангелова денеска преку Фејсбук обелодени дека поднесува оставка од претседателската функција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.