Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на Унијата на жени Даниела Рангелова за Телевизија 24 вели дека на референдумот требаше сите граѓани на Македонија да излезат и да гласаат.
– На тој начин ќе се преброевме кој е „за“, а кој е „против“ Договорот од Преспа – изјави Рангелова пред вечерашниот почеток на седницата на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа вели дека добива закани на социјалните мрежи, но дека не се плаши од нив. На прашањето, дали има очекувања партијата да ја разреши од извршниот комитет, Рангелова одговори:
– Немам никакви очекување. Јас имам мој став и ќе држам до него, без разлика што мисли раководството. За уставните измени нема да гласам.