Рангелова: Инволвираните во судски постапки да не одлучуваат за законот за јавното обвинителство

1622

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова побара пратениците кои се инволвирани во судски постапки да не дискутираат и да не учествуваат во гласање за законот за јавното обвинителство.

– Принципиелно е сите кои сме инволвирани и засегнат да не говориме, но и да не одлучуваме за законот. Имам свое мислење за законот, но говорам како паталец. Сите кои се засегнати дали се обвинети или се во истражна или предистражна постапка да невлегуваа во расправа за овој закон, зашто граѓаните ќе речат дека сме пристрасни – рече Рангелова.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...