Рангелова до Заев: Вашата метла се претвори во „прашко“

865

Во вечерниот дел од собраниската седница за реконструкција на Владата пратениците од опозицијата ја обвинија власта дека реконструкцијата што ја предложил премиерот Зоран Заев е само козметичка, а не вистинска промена. Ова, рекоа, покажува дека тие не го чуле гласот на народот. Пратениците од партиите на власт, пак, сметаат дека реконструкцијата е резултат токму на тоа што власта ги слуша граѓаните и оти новите предложени министри ќе продолжат да спроведуваат политики со кои земјата ќе продолжи да се движи напред.

Пратеничката Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ рече дека премиерот направил грешка како мандатар кога најавил голема метла во владата и институциите, со што ги зголемил очекувањата на граѓаните. Но, додаде таа, вашата метла се претвори само во „прашко“.

Таа обвини за лоши состојби во економијата и финансиите, а тоа рече, се гледа со фактот што се менува министер за финансии.

– Дали е добра состојбата може да видите по пазарите, трговските центри или да ви кажат оние кои се занимаваат со бизнис – рече Рангелова.

– Не се сметам затворен тип, контактирам со граѓаните. Точно е не се среќни. Очекувањата се големи и со право очекувањата се големи. Во вакви околности како и секоја влада, така и нашата се обидува да решава еден по еден од проблемите – реплицираше премиерот Заев.

Притоа тој посочи на решавање на проблемот со стечајците, зголемување на минималната плата, а преку тоа, како што рече, отворање на спиралата на платите. Стимулираме, рече, плаќање на дополнителна работа и во државните институции или компании, во здравството, за секој кој сака да може дополнително да работи и да заработи.

– Целта која ме води да најдеме работни места за невработените и борбата за инвестиции, и домашни и странски, е тоа мотивиравме преку фондот 250 домашни компании кои инвестираа свои сопствени 18 милиони евра, а ние сите тоа го супституиравме со наши пари, 20 милиони евра дадовме само на домашните копмпании – додаде Заев.

Тој потенцираше и дека се прават напори да се обезбедат и преквалификаци и дообуки преку АВРМ, но и преку воведување дуално средно образование со цел да се обезбедат стручни кадри кои полесно ќе најдат работа. Се трудиме, рече, субвенциите за земјоделците да стигнат на време, да се постигнат повисоки цени за откуп. Сето ова, потенцира Заев, покажуваат дека тргна економијата во земјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...