Вработена во маркетот Рамсторе Капитол во реонот месара на 1.10.2019 година околу 21 часот се здоби со повреда на прстите на едната рака при чистење на машината за мелење месо. Веднаш беше повикана Брза помош, екипа за Противпожарна заштита, Полициската служба и беше известен Државниот Инспекторат за труд, соопштија денеска од Рамсторе Македонија ДОО.
По кратката и брза интервенција, се вели во соопштението, вработената во имобилизирана состојба беше пренесена во Ургентниот Центар при Клиничкиот Центар во Скопје и над истата веднаш, во текот на ноќта, беше извршен хируршки зафат. По зафатот, сите прсти на повредената рака се зачувани и се следи процесот на опоравување.
Највисокото раководство на Рамсторе го следи будно случајот. Рамсторе ќе продолжи да прави се што е потребно за да ѝ се помогне на вработената и нејзиното семејство да истата се опорави во целост.