Рамос: Меси беше лут, но не беше намерно моето дејствување

165
ФОТО: EPA / GUILLAUME HORCAJUELO

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, се правдаше за своите дејствија синоќа кон Лионел Меси.

Според аналитичарот на „Марка“, Андухар Оливер, Рамос требал да добие црвен картон.

– Меси беше лут, но немаше намера во моето дејствување. Немаше непочитување или лош гест, изјави дефанзивецот веднаш по синоќешниот дуел меѓу „белите“ и Барселона, кој заврши со победа на каталонците со 1:0.

Тој додаде дека титулата во Ла Лига се оддалечува од Реал, но тимот ќе се бори до крај.

– Сè е можно во фудбалот, рече уште Рамос и му честита на противникот за извојуваната победа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...