Со својот гол против Романија, Серхио Рамос продолжи да се искачува на врвот на листата на стрелци на „фуријата“, откако веќе е пред легендата Телмо Сара.
Дефанзивецот постигна гол од пенал и сега има 21 погодок во дресот на шпанската селекција. Така, тој излезе на 10-тото место, додека легендарниот напаѓач остана надвор од првите десет.
Пред него сега се Хулио Салинас со 22, додека Алфредо ди Стефано е со 23, така што до крајот на квалификациската кампања може да се искачи на 8-та позиција.
Сепак, нема сомнение дека ако е здрав тој многу брзо ќе стане број 1 за Шпанија. Тоа беше мечот бр.166 за Рамос, приближувајќи се на само еден натпревар од лидерот Икер Касиас.
Весникот „Марка“ пренесува дека по Светскиот куп, дефанзивецот е најпродуктивниот играч на Иберијците со вкупно 8 гола, од кои 4 се од пенали.
ФОТО: EPA / GUILLAUME HORCAJUELO