Рама: Почит за Заев и Ципрас, двајца прогресивни лидери влегоа во историјата

670
ФОТО: EPA/Pawel Supernak

Албанскиот премиер Еди Рама и албанскиот министерот за надворешни работи, Дитмир Бушати, го поздравија постигнатиот договорот помеѓу Македонија и Грција за спорот за името.

– Два прогресивни лидери на соседните земји денеска влегоа во историјата и им порачаа на Европската унија и на целиот свет дека имаат визија и волја да ги надминат минатите пречки и да најдат простор за поглед кон иднината. Изразување на почит за Зоран Заев и Алексис Ципрас. Балканот денес е побезбедно место – пишува Рама на Твитер.

Албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати позитивно го цени овој договор нареркувајќи го „историски договор“.

– Ова го отвора патот не само на една земја, туку и на целиот регион кон евроатлантското семејство. И покрај тешкотиите, дипломатијата покажа дека функционира, пишува Бушати.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...