Рама: Позитивен одговор за Албанија и Северна Македонија ќе биде најпаментна одлука на ЕУ

Тој посочил дека регионалната стабилност, безбедноста, напредокот и демократијата во регионот може да се гарантираат единствено од европската перспектива.

166

Отворањето на преговорите за Албанија и за Северна Македонија ќе биде најпаметна одлука на ЕУ, порачал албанскиот премиер Еди Рама од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации.

– Давањето позитивен одговор на Албанија и Северна Македонија на 18 октомври за нивната амбиција да започнат преговори за членство, нема да биде обична награда заснована врз нивните заслуги, туку стратегиски ќе биде најпамената одлука што ЕУ би ја донесела – оценил Рама.

Тој посочил дека регионалната стабилност, безбедноста, напредокот и демократијата во регионот може да се гарантираат единствено од европската перспектива.

ФОТО: EPA / MALTON DIBRA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...