Рама не чул за Голема Албанија, ама слушнал за Голема Србија (ВИДЕО)

Коментирајќи го прашањето за Голема Албанија, тој рече дека „слушнал за Голема Србија и Голема Грција, но не и за Голема Албанија“.

985

Албанскиот премиер Еди Рама изјави на промоцијата на автобиографската книга на Хашим Тачи, „Нова држава, модерен државник“ („New State, Modern Statesman“ ) во Виенската дипломатска академја,  дека Косово стана „многу безбедно место за Србите и малцинствата“. Коментирајќи го прашањето за Голема Албанија, тој рече дека „слушнал за Голема Србија и Голема Грција, но не и за Голема Албанија“.

– Ако одите на Гугл, ќе најдете богатство на информации – на српски, грчки, ама не и на албански јазик, тоа е збор кој не се користи толку многу – рече Рама коментирајќи го прашањето на Голема Албанија.

Тој исто така рече дека начинот на кој се користи кога се толкува тоа е „многу стигматизирачки“ и дека и тој самиот бил „предмет на такви интерпретации“.

– Но, морам да ви кажам многу искрено – јас не гледам решение, јас реков дека ако Албанците се остават без јасна перспектива и надвор од природните патеки – да бидат дел од поголема Европа, а секако дека сакаме во ЕУ, бидејќи сакаме да бидеме заедно повеќе отколку денес, но ако ова избледе … – додаде тој.

Според него, она што Албанците го доживуваат се „повторени фрустрирачки ситуации“, наведувајќи го прашањето за притисокот за демаркација на границите и неодобрувањето на визната либерализација за Косово.

– ….Изолирани сме, немаме слобода на движење, додаде наведувајќи дека косовските Албанците се единствен народ кој „не може да се движи слободно“.

„Не разбирам зошто, во што е причината, праша Рама и го наведе прашањето за односот на косовските институции кон косовските Срби.

Нема споредба како се третираат Србите во Косово и како се постапува со Албанците во Прешево и додаде дека „Косово стана навистина многу безбедно место за Србите и малцинствата“.

Голема Албанија е голема по алибито

– Голема Албанија беше големо алиби, мора да ги притиснеме, оти тие ќе го окупираат светот, мора да ги убиеме, бидејќи сакаат да се шират, мора да ги разделиме, затоа што ако се спојат ќе изградат албанска империја – рече тој, додавајќи дека прашањето за Голема Албанија е „креирано“ за да се „оправда етничкото чистење, убиствата“ и дека „не знае ниту за една најнационалистичка личност која го споменала терминот Голема Албанија“.

– Знам за Голема Србија, Голема Грција, но за Голема Албанија не … И тоа е многу опасно. Но, тоа е како кога повикувате волк, повикувате волк, повикувате волк, а потоа можеби и ќе се создаде. Постои и таа можност. Поентата е дека сега Еу треба да биде сериозна, бидејќи таа рече дека е вистинското место и место на праведност. Тоа што го искусувам лично – е дека е вистинско место и место на неправдата – рече албанскиот претседател.

-Луѓето не се идиоти, особено Албанците не се глупави – додаде тој и заклучи: „Мислам дека е време да го разбереме ова, ние немаме поголема работа отколку да ја донесеме нашата земја во ЕУ, со две земји“.

ФОТО: Јутјуб

Подготви: А. Ј.

Akademia Diplomatike e Vjenës promovon librin biografik “New State, Modern Statesman” (Drejtpërdrejt)

Posted by Hashim Thaçi on среда, 30 мај 2018

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...