Рама: Владата не се погодува ниту со седум ниту со 7.000 часови димни бомби и молотови коктели

130
ФОТО: EPA-EFE /FILIP SINGER

Албанскиот премиер Еди Рама еден ден по седумчасовнот протест на опозицијата кој беше пропратен со тензии, насилни акти и судир со полицијата, се чини ни најмалку не помислува да ги прифати барањата на опозицијата за негово заминување и да го отстапи местото на преодна влада која ќе организира предвремени избори.

– Владата не е погодена ниту со седум, ниту со 7.000 часови димни бомби и молотови коктели. Ние сме со голема одговорност. Не функционира со „ослободи му го патот на лудакот“. Никако! – и порача Рама на опозицијата.

Рама упати апел да се зачува ладнокрвноста и да не се дозволи една група предводена од слепилото на очајот да се вмеша повеќе отколку што треба во животот на албанските граѓани.

Тој ја повтори поканата за дијалог до „неговиот пријател изгубен низ улиците“ како што го нарече лидерот на демократите, Љуљзим Баша и го обвини претседателот на државата Илир Мета дека никогаш не го повикал да разговараат за изнаоѓање решение за кризата.

Рама е категоричен дека локалните избори на 30 јуни ќе бидат спроведени а секој кој ќе се се обиде да го попречи гласањето и во само едно гласачко место ќе добие казна според кривичниот закон.

– Нема ни теоретска а ни практична можност да се урне една легитимна влада, прозлезена од избори спроведени кога ти си бил дел од влада. Нема можност, тоа нема да се случи. Целта е нешто друго. Тоа е да се стави земјата во услови на немоќ и да се уништи основата на уставниот поредок – обвини Рама.

Како прв човек на извршната власт тој упати благодарност и признание до припадинците на Министертвото за внатрешни работи во заштитата на уставниот поредок на земјата.

ФОТО: EPA-EFE /FILIP SINGER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...